Македонска Каменица 20. Јули 2018 година – Натпревари во пливање, нуркање и многу други игри, неколку диџеи се дел од забавата која што Советот на млади на општина Македонска Каменица ја подготвува на градскиот базен во недела на 22.Јули 2018 година, со почеток од 12:00 часот.
Сите оние кои сакаат да учествуваат во некој од натпреварувачките активности, можат да се пријават во просториите на градскиот базен од Четврток до Недела до 12 часот или на фејзбук страната на Советот на Млади на општина Македонска Каменица.
Влезот е бесплатен, освен користење на лежалки.
Посебна благодарност од Совет на Млади на општина Македонска Каменица до општина Македонска Каменица, КИЦ Романса и ЈП Камена Река кои не подржаа во реализацијата на овој настан.
Медиумски покровител на настанот – pogled.mk