АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ-AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY
Спогодба за уништување на македонската нација
До:Ѓорѓе Иванов,
Претседател на Република Македонија
20 јули 2018
Предмет: Спогодба за уништување на македонската нација
Почитувани претседателе Иванов,
Сведоци сме на уште една уцена од ОН, ЕУ, НАТО и Грција и свесни сме кои се интересите на двајцата наши политичари кои потпишаа спогодба со која се доведува нашата нација на самоуништување.
Претседателе Иванов, како и што изјавивте, оваа спогодба не е ратификована во согласност со Уставот и ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост спрема Република Грција и поради тоа ние и целата Дијаспора бара да се поднесе кривична постапка против Заев и Димитров за нарушување угледот на македонскиот народ и државата Република Македонија. Тие со спогодбата (од наше име) се откажаа од се што е македонско: името, идентитетот и јазикот; се откажаа од Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија; се откажаа од Дијаспората; се откажаа од македонското историско и културно наследство; се откажаа од државата и суверенитетот.
Таканаречениот договор (кој е шовенистичко-нацистички) се насочува дека ние никогаш не сме биле Македонци и дека нашата македонска нација била вештачки креирана, па сега „благодарение“ на Атињаните ние се „освестивме“, ќе им ги предадеме сите национални обележја и ќе постанеме само „граѓани“ на некоја европска провинција така наречена Северна Македонија. Ова за нас Македонците е големо понижување.
Жалосно, Собранието раководено од Џафери, лице кое никогаш не го почитувал Уставот на Република Македонија, ја ратификува спогодбата и со претење до вас и сите Македонци сака да го промени и Уставот само да се дојде до единствената цел – уништување на македонската нација.
Господине Иванов, ова е капитулантски договор. Не ни е потребно да пристапиме во ЕУ и зачленување во НАТО кога се бара од македонскиот народ самоуништување како држава и како народ. Ја подржуваме вашата одлука да не го потпишувате овој предавнички договор и продолжете да ги штитите нашите национални интереси.
Од името на членовите на АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ-AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY
Никола Апостоловски
(Благајник)
Извор: mn.mk