6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фоторепортерот кој беше „прегазен“ од Манџукиќ и соиграчите доби бесплатен одмор во Хрватска

Мексиканскиот фоторепортер, Јури Кортез, беше дел од еден од поинтересните моменти во изминатото Светско првенство.

За време на натпреварот помеѓу Хрватска и Англија, Марио Манџукиќ постигна гол за победа во продолжението, а потоа истрча да слави зад голот на противникот. Хрватот заедно со своите соиграчи еуфорично го прославија моментот во кој настрада Мексиканецот и неговиот фотоапарат.

Блиската средба со „коцкестите“ му донесе покана од страна на претседателот на Хрватската туристичка заедница, Кристијан Станичиќ, за него и неговата фамилија за бесплатен одмор на Јадранското море.

ФОТО

На истата тој одговори позитивно и рече дека ќе му биде чест да ја посети Хрватска, а исто така изјави дека селекцијата предводена од Златко Далиќ му била омилена на целиот Мундијал.

Извор: Гол

поврзани објави

Последни објави