Професорката Мирјана Најчевска уште еднаш ја доведе во прашање интелигенцијата на Македонците, овојпат во контекст на Преспанскиот договор, нарекувајќи ги „кретеноиди“ тие што го сметаат за капитулација документот од Нивици!
„Не знам дали Македонците отсекогаш биле толку глупи, или е ова последица на 11 години интензивно заглупување, или, пак, некој ни пуштил вирус на глупост. Мора нешто од тоа да е.
За елементарна логика станува збор. 2+2=4.
Еве, на пример, за изјавите на Ципрас, преку кои кретеноидите во Македонија се обидуваат да нè убедат дека сме потпишале капитулација.
Станува збор за договор. Договорот знали отстапки. Договорот значи наоѓање заеднички прифатливи решенија.
Од двете страни има радикали кои не сакаат да се реши спорот, затоа што профитираат од таквата ситуација (било политички – имаат вечна тема за собирање на масите, било материјално – најдобро се перат пари во матно).
Ципрас го продава договорот на своите идиоти. И мора да го прикаже како најдобар на светот за тие негови идиоти. Што очекувате – да каже дека е призната македонска нација и македонски јазик? Да ги каже пред грчката јавност отстапките кои ги направил? Ма, нормални ли сте? Што треба – да си потпише политичка смрт?
Факт е дека имаме конечно договор кој овозоможува да излеземе од лајната во кои се давиме 25 години. И никој, бре, не ви пречи да се нарекувате Македонци. И да си пеете македонски песни (ако воопшто ги знаете покрај српскиот турбофолк во кој уживате). И да си раскажувате приказни за славното минато на големите освојувачи, и за библиската Македонија, и за потеклото на амебите кои кои зборуваат на чист литературен македонски јазик.
Дај, бре, дозволете луѓево да почнат да дишат и да почнат да им се развиваат тоа закржлавените мозоци“, побара Најчевска преку својот профил на „Фејсбук“.
Ова не е првпат поранешната претседателка на Хелсиншки комитет на Македонија да се изразува на ваков начин за македонскиот народ, за кој пред четири години ќе напише: „Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен. Вистината е многу поедноставна. Овој народ е, едноставно, глуп. Како цепаница. Неделкана“!
Лани, пак, ќе обзнани дека не е Македонка, туку Земјанка и оти нациите се изживеана работа.
Извор: Експрес