Познатата скопска старлета Драгана Спасовска, која живее во Дубаи на својот профил објави фотографија на која позира во друштво на фудбалерот на Барселона и француски репрезентативац Усмане Дембеле.
– Дембеле е срце, прекрасен човек и многу воспитан. Поминавме преубаво неколку дена, се забавувавме и верувам дека долго ќе ги памети тие денови. Речиси секој ден сум во комуникација со него, ми испраќа пораки, баш пред два дена и ме покани да го посетам во Франција, вели Спасовска за 1 ТВ.
Усмане Дембеле минатото лето во тој момент стана најскапиот играч во историјата на Барселона, откако го доведе од Борусија Дортмунд за 115 милиони евра. Дембеле кратко го држеше рекордот, откако Барселона веднаш потоа го доведе Филипе Кутињо за 125 милиони евра.
Барселона ја постави откупната клаузула за Дембеле на 400 милиони евра.