3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Пахор: Никого нема да предложам за мандатар на нова влада бидејќи кандидатите за таа должност немаат мнозинство

Претседателот на Словенија Борут Пахор го информираше Собранието дека никого нема да предложи за мандатар на нова влада бидејќи кандидатите за таа должност немаат мнозинство.

Ним им е потребна поддршка од 46 пратеници во 90-члениот Државен сабор.

По изборите одржани на 3 јуни Пахор му го понуди мандатот на Јанез Јанша, чија Словенечка демократска партија доби 25 пратенички места, но тој го одби мандатот признавајќи дека ги нема потребните коалициски партнери за избор на премиер и своја влада.

Во писмото кое Пахор денес му го испрати на претседателот на парламентот Матеј Тонин наведува дека за неуспехот на досегашните преговори за потенцијалните коалициски партнери го информирал и лидерот на Листата на Марјан Шарац, иако тој неделава се обидува да обезбеди мнозинство.

Пахор во писмото до Тонин предложи седницата, на која парламентот ќе се информира за актуелната ситуација, да се одржи што побрзо за државата да добие стабилна влада и да се избегне можноста од предвремени избори на есен, доколку не се најде решение.

Седницата најверојатно ќе се доржи во петок, по што почнува двонеделниот рок во кој кандидати за мандатар повторно може да предложи претседателот на државата, но и парламентарните партии и групи кои ќе соберат 10 пратенички потписи.

ИЗВОР: МКД.МК

поврзани објави

Последни објави