Основното јавно обвинителство за организиран криминал, ќе испитува дали имало злоупотреби при доделување на грантови од Фондот за иновации, откако на удар се најдоа владини функциоери кои добивале грантови за фирми во кои тие се јавуваат како сопственици.
Од Фондот за иновации велат дека ја поддржуваат ваквата одлука на обвинителството. Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, вели дека не чувствува морална одговорност, а доколку постои сомнеж за судир на интереси треба да истражи Антикорупциска комисија.
„Фондот не цени судир на интереси, во оваа држава има и други институции. Моралниот аспект останува кај апликантите.“ – изјави Јован Деспотовски, Фонд за иновации и развој.
Откако, Јавното обвинителство за организиран криминал отвори случај Вицепремиерот Анѓушев писмено посочи дека дека ги охрабрува надлежните институции во детали да ја проверат целата постапка и да се отстранат сите сомнежи. Со сличен став се јави и пратеникот Хари Локвенец, кој исто така има сопственост во фирма која доби грант од Фондот за иновации.
„Во овој момент, тоа е единствената форма како сите ние, можеме да ја дознаеме вистината.“ – изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.
Прочитајте го целиот напис на 24Вести – ОВДЕ