Добро, можеби не инстантно, но сигурно умираат. И не само мравките, туку сите други инсекти кои ги сметате за штетници како што се болвите, молците….
Еве што се случува:
Сапунот ја уништува нивната природна отпорност која ги штити од давење во вода кога врне. Бидејќи нивниот орган за дишење се наоѓа странично на нивниот стомак, тие умираат давејќи се во водата.
Инсектите имаат мрсна обвивка на нивниот егзоскелет, а детергентот го раствора и мие, па на тој начин ја губат својата заштита.
Доколку не сакате да користите хемиски средства за да ги отстраните мравките од вашата кујна или ако сакате да се спасите од некои други штетници, ова е добра алтернатива:
Ставете чаша вода во која ќе капнете 1-2 капки течен детергент или течен сапун за раце. Кога инсектите ќе дојдат да пијат од водата, тие ќе се удават.
Или едно шише со распрскувач наполнете го со ваков раствор и испрскајте врз зафатените површини. Само внимавајте на мазни површини бидејќи може да биде лизгаво!