4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Мицкоски лаже кога вели дека Македонија сака да биде членка на ЕУ и НАТО

Христијан Мицкоски лаже кога вели дека Македонија сака да биде членка на ЕУ и НАТО.

Мицкоски доби закон за финансирање, доби техничка влада по пржинскиот модел како и избор за членови на ДИК со двотретинско мнозинство. Мицкоски одби да се откаже од својата намера со бојкот да ги уништи ЕУ перспективите на граѓаните. На сите им е јасно која е неговата цел а тоа е – Македонија да не успее. Нам совеста ни е чиста, пруживме рака, и до крај се обидовме да го убедиме раководството на ВМРО-ДПМНЕ заедно до крај да ги завршиме обврските кои ќе ни дадат европска перспектива.

Мицкоски вели сака ЕУ и НАТО, а не сака да поддржи ниту еден чекор кон таа цел. Мицкоски не знае што сака. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Сакам јасно и прецизно да порачам – Јас, Зоран Заев, нема да дозволам актуелното раководство на опозицијата да ја држи Македонија во заложништво. Ние, огромното мнозинство за ЕУ и НАТО сме овде. Тргнуваме силно и никој не може да не сопре.

Ќе има и ДИК, ќе има и референдум и ќе победи волјата на граѓаните. Коалицијата која е за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО ве уверува во тоа.

Ние направивме чекор, прифативме се што тие побараа. Но и покрај тоа избега да остане на браникот на националните интереси. Избега да потврди дали е вистински за ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев на прес-конференцијата по лидерската средба.

поврзани објави

Последни објави