За разлика од другите светски лидери тој прави сè за приватноста на неговото семејство да биде сочувана.
Тајноста ја однесе на едно ново ниво, а дури и постови за неговото семејство од социјалните мрежи и медиумите магично исчезнуваат. Медиумите во ниту еден миг немаат фатено добар кадар од неговото семејство.
Режисер на документарен филм за Путин мина стотици часови со Путин, но никогаш не го сретна неговото семејство
Во 2010 и 2011 година Германецот Hubert Seipel имаше пристап до Путин повеќе од кој било руски медиум кога било, но и по две години работа на документарецот кој доби низа награди, тој во Москва не сретна ниту еден член од неговото семејство.
Новинарите што зборуваат за семејтвото на Путин може да се соочат со сериозни последици
Владее страв што ќе се случи ако ги откријат информациите што ги дознале.
Постојат гласини дури и за откази, затворања на медиуми и насилства врз новинари, па затоа сите молчат.
Тајна врска со добитничката на олимписко злато Алина Кабаева
Гимнастичарката ја поврзуваа со Путин во 2008 година додека тој сè уште беше во брак со својата сопруга Људмила. Со години кружат гласини за нив, па и дури дека Путин има дете со Алина.
Има тајно семејство со Алина
Малото момче со кое ја фотографираат медиумите периодов се претпоставува дека е син на Путин.
Во 2015 година Путин исчезна од радарите на медиумите и се претпоставува дека со Алина биле на швајцарските Алпи за таа тајно да се породи. Во ноември 2016 на раката на Кабаева е забележан блескав свршенички дијамантски прстен.
Не се знае колку години имаат неговите ќерки
Се претпоставува дека неговите ќерки се родени во 1985 и 1986 година, а веќе имаат и свои семејства. Некои тврдат дека сопругот на едната повторно е од блискиот круг на Путин.
Помладата најверојатно се вика Катерина, а постарата Марија, но околу тоа има дебати и не е сигурно.
Неговата поранешна сопруга тајно се премажи
Људмила е разведена од Путин од 2013 година, но повторно живее во тајност. Медиумите тврдат дека се премажила за Arthur Ochertniy, но тие објави потоа беа избришани.
Постарата ќерка му задавала главоболки
Постарата ќерка, најверојатно со име Марија, имала група на пријатели кои не му се допаѓале на Путин. Некои од нив биле хомосексуалци, а Путин има строг став против правата на хомосексуалците во Русија.
Таа наводно се омажила за Холанѓанец и некое време живееле во Холандија. Но, откако почнале да пристигнуваат медиумите во малиот град каде била сместена, се преселила.
Постарата ќерка не била штедлива
Наводно Марија била девојка што обожавала луксузни забави и крстарења со јахти.
Уште како студент на Медицинскиот факултет во Москва се рафрлала со пари и тоа не му се допаѓало на нејзиниот татко.