На нормален начин Македонија ќе добие нов состав на ДИК, нов закон за финансирање на политичките партии, нови измени во законот за Влада, техничка влада по пржинскиот модел, кога и тој да се случи, без разлика дали ќе биде редовни или предвремени парламентарни избори во иднина.
Разговаравме за карактерот и текстот на референдумот. Зборувавме за деталите, но и текстот поврзан со самото референдумско прашање.
Нашата позиција е јасна, таа е партиски став – прашањето за референдум мора да биде еднозначно, односно да има едно значење и тука имаме генерално разлики со парламентарното мнозинство. За успешен се смета оној референдум на кој се исполнети два кумулативни услови: Излезеноста да биде минимум 50 % плус еден, и минимум 50 % + 1 од тие што излегле да гласаат за или против на тоа прашање. Тоа е она кое ќе гарантира успешен референдум.