4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Австриското претседателство со ЕУ ќе одговара на прашања на Фејсбук

Австрискиот постојан претставник при Европската Унија, Томас Оберајтер, в четврток 26 јули во 12 и 30 часот ќе одговара на прашања на граѓаните на социјалната мрежа Фејсбук.

Австриското претседателство е на чело на Европската Унија до 31 декември 2018. Корисниците можат да се регистрираат на овој линк.

Секоја земја членка на ЕУ претседава по шест месеци со ЕУ, што значи дека ги води средбите на земјите членки во Советот на ЕУ во сите области освен Советот за надворешни работи и Европскиот Совет.

поврзани објави

Последни објави