Социјалните мрежи се преполни со видеа и фотографии од пожарите кои ја зафатија Грција.Се пребројуваат мртви, а состојбата е страшна.
Властите побараа и помош од Европската Унија зошто не можат сами да се изборат со настанатата катастрофа.
Најкритичкна е ситуацијата во туристичкото место „Мати“ каде пламените јазици во текот на ноќта го уништија целото место, а 26 тела се најдени рано утринава во една бавча во една од вилите на Мати, соопшти Црвен Крст.