Албанскиот премиер вели дека е време сите да сфатат дека не постои друг план на Албанците освен Албанија и Косово да влезат во Европската унија
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека никој не сака голема Албанија, но дека кога некој постојано вика “волк, волк…”, може и да го довикне волкот да дојде.
Тој на презентацијата на книгата Нова држава – модерен дравник Хашим Тачи, рече дека е време сите да сфатат дека не постои никаков друг план на Албанците од оној и Албанија и Косово да влезат во Европската унија.
-Не знам дека некој ни од редовите на најголемите националисти да заговарал “голема Албанија”. Тоа беше користено како оправдување за етничко чистење, тврди албанскиот премиер.
Тој изрази задоволство што гледа позитивен развој во односите помеѓу Албанија и Србија.
-Ние имаме добри односи со Србија, а Косово не толку добри, но тоа е нормално, рече Рама. Тој исто така тврди дека Косово станало безбедно место за Србите.
Во своето обраќање пред присутните во Дипломатската академија во Виена, тој укажа дека голем проблем е неможноста за слободно патување.
-Властите на Косово се изложени на големи предизвици, оти како да им објаснат на луѓето дека можеле слободно да патуваат за времето на Тито, па дури и за времето на Милошевиќ, односно под диктаторска власт, а сега не можат, посочи Рама.
Кога станува збор за ЕУ, од која бара отворање на преговори со Албанија, Рама рече дека не се заканува повеќе одошто претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
-Никогаш не сум рекол дека западниот Балкан треба да се интегрира во ЕУ оти во спротивно може да се случи нова војна. Мислам дека тоа е малку претерано, но европската перспектива му неопходна на нашиот регион, заклучи Рама.
Инаку, во Дипломатската академија во Виена, во организација на Австрискиот институт за европски и безбедносни политики и Инститот на дунавскиот регион и централна Европа, беше претставена книгата за актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи.
На презентацијата се обратија Тачи, Алберт Роан, поранешен учесник во преговорите за статусот на Косово и некогашен генерален секретар на австиското МНР, Волфганг Петрич, поранешниот пратеник на ЕУ за Косово.
Претставувањето на книгата беше најавено со соопштение кое се завршува со тврдење дека книгата е сторија за редок успех на западна воена интервенција и прва биографија на новиот претседател на Косово, најмладата европска држава.