24.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Апасиев со жестоки критики до Заев: Имаш ли ти образ? Шо зина – излажа, шо фати – се исуши!

spot_img

Димитар Апасиев на социјалните мрежи повторно со жестоки критики до Заев и Владата поради неисполнетото ветување за стопирање на изградбата на рудникот во Иловица.

Апасиев иронично побара воведување на ново кривично дело во Кривичниот Законик, „Изборна измама“ кое евентуално ќе ги инкриминира дадените лажни ветувања со цел добивање на власт.

Апасиев во својот Фејсбук статус уште еднаш побара „стоп за рудниците на смртта“.

Еве што напиша Апасиев:

Добро бе човече, имаш ли ти ОБРАЗ?
Шо зина – излажа!
Шо фати – се исуши!

Можеби е добро да се размисли за воведување на ново кривично дело во КЗ – „Изборна измама“ кое ќе ги инкриминира дадените лажни предизборни ветувања со цел докопување до власт. А не вака, секој лицемер да си игра курташак со народот. За едно те гласале, друго правиш!?

p.s. Очигледно не ни иде со „државници“ од Струмица. Се пораз до пораз.

#НемаДаВиПомине
#СТОПзаРудницитеНаСмртта
#РатниПрофитери, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Добро бе човече, имаш ли ти ОБРАЗ?Шо зина – излажа!Шо фати – се исуши!Можеби е добро да се размисли за воведување на…

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday, July 25, 2018

 

поврзани објави

         

Последни објави