Иако понекогаш доаѓа до несогласување или ривалство, знаете дека тие секогаш се на вашата страна. Браќата и сестрите се големо богатство, а астролозите одделуваат три хороскопски знаци кои најдобро се снаоѓаат во таа улога.
Бик:посебна заштита
Брат или сестра Бик е сериозна личност, особено кога е во прашање вашата заштита. Бикот е лојален до последен здив на оние кои ги сака. Вашите непријатели ќе бидат и негови непријатели. Меѓутоа, Бикот може да биде голем инает. Споровите со него се сериозна главоболка и изгледа како никогаш да не можете да го убедите во ништо. Иако знае да ве изнервира и вознемири, знајте дека неговиот инает не се пренесува на вашиот однос. Ништо и никој не може да го спречи да ве поддржува.
Вага: прекрасен мир
Вагите ги комбинираат сите квалитети кои би сакале да ги видите во вашиот брат или сестра. Тие ја поддржуваат комуникацијата со блиските луѓе и сериозно го сфаќаат вашиот однос. Покрај невообичаена лојалност на оние кои им се важни, Вагата исто така може итро да ги избегне судирите и добро се соочува со проблемите. Исто така се многу забавни и со нив никогаш нема да ви е здодевно. Вага има можност да го шармира секој кој ќе го запознае, а вие сигурно ќе бидете горди од фактот што крвно сте поврзани со нив.
Риби:несебично срце
Ако вашиот брат или сестра е Риба, вие до крајот на животот имате неисцрпен извор на љубов, лојалност и разбирање. Рибата секогаш гледа убави работи, дури и ако вие не ги забележите. Тие ќе ви дадат многу љубов, затоа што сфаќаат дека вие за нив сте ретка и неопходна личност во нивниот живот. Ќе ве поддржуваат до крајот на животот и секогаш ќе бидат ваша карпа. Што и да им кажете, внимателно ќе слушаат и нема да ве осудуваат.