4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Утре во 5.17 часот Скопје ќе се буди со сирени

Утре во 5.17 часот ќе се одржи герила аудио- акција во траење од една минута, со што ќе бидат одбележани 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој се случи на утрешен датум во тоа време.

Идејата на оваа акција е на помалаку груб начин да се потсетат граѓаните на Скопје на трагедијата и да се додаде нова димензија на одбележувањето на годишнината од земјотресот. Со тоа традицијата на будење на градот на 26 јули, кој од 1963 година па се до раните 90-ти години, претставуваше извонреден начин за потсетување на граѓаните на жртвите во катастрофалниот земјотрес, кој речиси во целост го уништи градот и го измени неговиот лик. Но, во истовреме и го трасираше патот кон обновата и изградбата на модерно Скопје. Аудио-акцијата се вика „Разбуди се Скопје“ и ќе се одвива на повеќе на повеќе локации низ градот. Автомобили со сирени ќе тргнат од Порта Влае и од Музејот на современа уметност.

Извор – Телма
Прочитајте го целиот напис – ОВДЕ

 

поврзани објави

Последни објави