Кога ќе ја пробате оваа пита, сигурно ќе ја направите и по вторпат. Многу лесно се приготвува, одличен предлог за вкусен топол појадок, ужина или вечера. Се послужува топла со јогурт, кисело млеко или по ваша желба.
Потребни состојки:
½ кг тенки кори
250 г сирење по избор
3 јајца
½ прашок за печиво
Масло
Постапка:
Издробете го сирењето, додадете јајца и прашок за печиво. Раширете ја првата кора, малку намастете па додадете втора кора преку неа. Намачкајте со сирење одозгора. При врвот свиткајте во тријаголник. Потоа и долниот дел – свиткајте ги аглите. Повторно преклопете како книга.
Намстете, свиткајте и повторно свиткајте. Редете во тркалезна тепсија. Повторувајте ја постапката додека да го потрошите материјалот. Намстете и печете на 200 степени околу 30-35 минути, додека убаво да зарумени.
Се служи топла со јогурт или кисело млеко.