Татко и мајката со две мали деца во рацете влегле во водата и пливале три километри од брегот, бегајќи од топлината која била неподнослива.
Момчињата за да не плачат, да се смират, родителите им пееле песнички, вели Александара Ѓоковиќ, Србинка што живее во главниот град на Грција.
Засега не се знае точниот број на исчезнати во пожарот, но се сомнева дека скоро двеста луѓе се исчезнати.
За српски „Спутник“ Александра раскажала дека животот во Атина е сушете стресен и луѓето не можат да сфатат што ги снајде.
“Она што се чувствува во воздухот е големата емпатија на грчкиот народ кон луѓето кои многу страдаа и за оние кои повеќе не се живи, а што се однесува до секојдневниот живот, повеќе не чувствува паника, бидејќи пожарите главно се изгаснаа.Сеште гори мал оган на патот кон Пелопонез, но е под контрола “, вели таа.
Таа ододава дека со сета сила ќе се потруди да им помогне на настраданите во Мати , место кое беше најстрашно настрадаа навеќе луѓе. Таа вели дека за време на пожарот сите се упатиле кон плажите, што предизвикало голема гужва низ улиците, и затоа има толку запалени автомобили , улиците биле целосно блокирани за сообраќај, луѓе трчале кон плажата за да се спасат.
„Најтажна и страшна ми беше приказната на четиричлено семејство кое за среќа преживеа.Татко и мајката со две мали деца во рацете влегле во водата и пливале три километри од брегот, бегајќи од топлината која била неподнослива.
Момчињата за да не плачат, да се смират, родителите им пееле песнички,ги спаси брод кој патувал за Миконос, раскажала Александра.