Песимистичките кругови во една политичка партија не се несекојдневие, напротив таквите ги имало, ги има и ќе ги има во секој политички субјект. Така и во ВМРО-ДПМНЕ. Дел од тие пестимистички кругови во многу наврати и биле во право, критикувале со право, биле загрижени со право, сметале дека навистина дел од политиките на партијата не се правилни. Но, дел од нив и некогаш не реагирале со право бидејќи истите тоа го правеле не поради нивната загриженост за партијата и правичност, туку поради свој личен бенефит односно поради тоа што не станале директорчиња, не лапнале некоја висока партиска функција или одредена државна функција која самата по себе носи и свои привилегии.
Такви загрижени “актери“ имаме и денес. Скокаат ли скокаат против претседателот Мицкоски. Преку нивното дејствување се обидуваат да глумат големи душегрижници за ВМРО и Македонија.
Првиот од нив е Филип Петровски. Човекот кој смени 5 партиски дресови и остана запаметен како некој кој прави трансфери во политиката какви што се прават во фудбалот. Додуша во фудбалот се прават милионски трансфери, додека Филипче се задоволи со едно директорско место.
А тогаш? НАСТАПИ МОЛК!!!
Филипче заборави што зборуваше, како го критикуваше и плукаше неговиот шеф, за да нели сеа пак се појави и ни глуми колку е тој многу загрижен за ВМРО и Македонија!
Овој другиов пак, Јове Кекеновски секојдневно само бара некакви оставки, промени и слично, а не дава никакви конкретни решенија и понуди за партијата!
Аман, немојте! Немојте веќе да не браните и да ни кажувате колку многу го љубите и сакате ВМРО и Македонија! Оставете времето да покаже дали претседателот е во право или не. Оставете Мицковски да ја исчисти партијата, оставете Мицкоски да ја реконструира партијата, оставете Мицкоски да не обедини! Бидејќи тој тоа го може! Овие горенаведени кругови тврдат дека Мицкоски ќе биде лидер кој најмногу ќе му одговара на Груевски. Ваква иста ситуација имавме и во 2003 година кога Љубчо Георгиевски – основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ го предложи токму Груевски како свој наследник при што во партијата дојде до раскол, а видовме дека претпоставките дека Груевски ќе биде марионета на Георгиевски не се исполнија, па ученикот не само што го отстрани учителот туку и владееше цели 11 години.
Мицкоски на себеси има преголем терет, да ги отстрани сите оние кои во изминатите 11 години го злоупотребија името на ВМРО за свое лично богатење, притоа прикажувајќи семоќност, луѓе кои за жал се заборавија во своето владеење. Мицкоски нема да биде фигура која ќе постапува онака како што ќе му речат, Мицкоски мора да и пркоси на широката мрежа, да подаде рака за помирување во општеството, меѓутоа и рака за ОБЕДИНУВАЊЕ на сите сили на ВМРО во Македонија!
Претседателот го очекуваат големи предизвици да ја врати партијата во колосек, да ја модернизира, но и да ја вмровизира!!! ВМРО-ДПМНЕ мора да биде В М Р О!!!
Јас сум убеден дека Христијан заедно со своето раководство ќе може да подаде рака и да овозможи едно големо ОБЕДИНУВАЊЕ на ВМРО! Кога велам ОБЕДИНУВАЊЕ, овде мислам на сите оние структури кои работеа за независна и самостојна Република Македонија, луѓе кои направија многу и за ВМРО и за Македонија, а кои Никола Груевски преку својата желба за надмоќ ги отфрли од себе.
Претседателот Мицкоски тоа го може! ВМРО тоа го може! ВМРО ќе се крене како феникс и ќе победи! А “душегрижниците“ кои уште сонуваат директорски места и сакаат да се пазарат како на пазар ќе бидат фрлени на буништето на историјата! Ние сите заедно ќе победиме за идните генерации, ќе победиме за Македонија!!!
Пишува: Т. Николов