-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

ИСПОВЕД НА МАЈА: Со маж ми 5 години се обидуваме да направиме дете, но со љубовникот Дарко…..

Се викам Маја. Имам 35 години и сум среќно омажена со најдобриот и најфиниот маж во цела наша државичка. Бевме во врска 2 години и после тоа се земавме. Од бракот не можам да се пожалам. Имам се што ќе посакам. Солидно заработуваме и јас и маж ми, така да можеме да си дозволиме се што ќе посакаме. Ме сака, ме чува, ми дозволува се и не е од оние досаднине и напорни мажи кои сакаат се по нивно и за кои треба секогаш да се потресуваш.

Во глобала се е ок, но има една ситница, која за мене веќе е голема “ситница“која ме фрустрира и ме брка во прегратките на друг маж. Откако се земавме, веќе година дена, се обидуваме да направиме дете и никако не ни оди. Ах да, откако стапивме во брак сексот ни е катастрофа. Не се осекам воопшто посакувана, сексот претставува една обична рутина.

Отиди до соба, соблечисе, почекај го да легне, почни со мисионерска поза, заврши со кучешка поза за да кулминира он и сеекогаш е тоа истото. Нема никаква возбуда, нема никаква точка на вриење или точка на кулминација. Можеби и затоа не можеме да направиме дете, не се осекам опуштена и не ми е убаво кога имаме секс, напротив, се осеќам како да сум силувана. Неколку пати се обидов да му кажам и не може да ме разбере, мисли дека претерувам, дека сум хистерична и што вика она “увалена“…

Од друга страна, во фирмата каде што работам има еден млад дечко, Дарко, кој страшно ме привлекуваше и како исфрустрирана од одвратниот секс со маж ми и неговото неразбирање, легнав со него. Подобар секс во живот не сум имала, повќе кулминации во една партија никогаш не сум доживеала…ме здивува, ме полудува, ме тера да сакам уште и уште.

Одењето на работа ми стана уживанција, брзите партии секс со него во тоалетот во фирмата каде работитме, во кујната кога никој нема, во неговата канцеларија, во мојата канцеларија, во гаражата, на поткровјето….ни станаа секојдневие….сега барем сум среќна во бракот со маж ми, а задоволена од сексот со Дарко…..може сега побрзо ќе го направиме и детето….негоаш треба и вака да се функционира во животот за да имаме мир во куќа и внатрешен мир.

Фото: Илустрација

поврзани објави

Последни објави