Српскиот министер за надворешни работи и прв вицепремиер во српската Влада во месец април, во емисијата „Прашалник“ на Радиотелевизија на Србија (РТС) излезе со контроверзни ставови за Македонија.
Дачиќ, кој претходно во неколку наврати се закануваше дека Србија ќе го повлече признавањето на Македонија под уставното име поради Косово, во емисијата зборуваше за историската грешка направена во однос на нашата земја.
Според Дачиќ, Србија наместо да го зачувува југословенското кралство и да прави држава за Хрватите, требало да ја анектира Македонија.
Дачиќ во Скопје во 2013 година беше пречекан како гостин на свечена академија на српската заедница организирана по повод 100 години од Кумановската битка, која донела пустош и смрт за голем број жители на Македонија.