6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Раскинувањето со Жељко Јоксимовиќ ѝ го скрши срцето

Познатата водителка Адријана Чортан долго време беше во бурна емотивна врска со српскио кантавтор Жељко Јоксимовиќ.

Велиме бурна бидејќи, судејќи по сведоштвата на нивните тогашни соседи, од станот на популарната двојка често се слушале жестоки расправии.

Како и да е, тие уживаа во својата љубов сè додека популарниот кантавтор не се вљуби во една друга водителка – Јована Јоксимовиќ за време на заедничкото водење на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.

Како се денес Жељко и Јована е општо познато – живеат во среќен брак со синот Коста и со близначките Ана и Срна – но помалку познато е што се случи со Адријана по ненадејното раскинување на врската со Јоксимовиќ.

Андријана се повлече од јавноста и одлучи својот живот да го продолжи во Германија. Во тој момент, нејзиниот живот доби сосема поинаква димензија.

Сега ужива на еден прекрасен грчки остров и се подготвува за свадба наесен…

– Нашата свршувачка беше интимна, романтична и некако очекувано-неочекувана. Кога го велам тоа мислам на фактот што Немања и јас веќе три години живееме заедно и никогаш немаме правено конкретни планови. Но, кога дојде тој момент, навистина бев изненадена и многу среќна – изјави водителката за магазинот „Стори“.

поврзани објави

Последни објави