Жртвата на оваа приказна која го обиколи светот е мажена жена. Таа една вечер и по кавгата со сопругот (35) отишла во ноќен провод.
Претерала со пиење и некаде во тие моменти престанува нејзиното сеќавање на таа ноќ.
Она што тогаш не знаела е дека луѓето кои ја виделе онесвестена на клупа, го повикале нејзиниот сопруг, по што ја собрал и одвел дома.
Кога се разбудила следниот ден, му се доверила на сопругот дека се сомнева дека била силувана, а тој ја советувал да се јави во полиција.
Тоа и го сторила, по што била спроведена истрага, а врз основа на ДНК анализите се утврдило дека жената била силувана, но дека тоа го сторил нејзиниот сопруг.
Тоа се деталите од судењето кои ги обиколиле светот. Сето тоа се случило во мај 2016 година, а судењето е завршено во текот на овие денови.
Во разговорот со полицијата, нејзиниот сопруг објаснил дека неговата сопруга била “многу, многу пијана, имала потешкотии во зборувањето и тешко составувала смислени реченици.”
“Сте ја одвеле дома, а потоа сте ја силувале зашеметена од алкохол”, беше конечната пресуда на судијата.
Мажот се бранел велејќи дека последен пат имале секс пред една недела, но ДНК-тестот покажал поинаку.
Така тој е осуден на седум години затвор и запишан е во регистарот на сексуални престапници.
Покрај тоа, му било забрането директно да контактира со жената, туку само преку нејзините советници, бидејќи му било забранет близок приод.
Жената на судењето изјавила дека ја издала личност на која ѝ верувала најмногу на светот.
“Вели дека доживеала потполен шок кога сфатила дека нејзиниот сопруг направил нешто толку ѕверски. Се преселила од дома и започнала бракоразводна парница “, изјави судијата за медиумите.