Сите познати личности почнале од нула, за да станат она што се денес. Секој од нив бил „личност од сенка“, која го чека својот момент.
Така било и со неа. Таа секогаш ги сакала медиумите, и покрај тоа што студирала право. Сите ја знаат по нејзиниот остар јазик и ставот кој некому му се допаѓа, некому – не, но никого не го остава рамнодушен.
Јована Јеремиќ, водителката на ТВ хепи и ТВ шоуто „Запознајте ги паровите“ е едно од најпопуларните ТВ лица кое успеало со својата харизма или како што таа сака да каже „Х- фактор“ да привлече милиони гледачи крај телевизиски екрани.
На Твитер се појави фотографија од шоуто на „Ами Џи“, односно Огњен Амиџиќ, каде што се гледа една девојка која седи во публиката, а таа е токму Јована..
Инаку, денес таа е во брак со политичарот Воислав Милошевиќ и од нивната љубов, наскоро треба да се роди девојче.