3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Формулирано е, вака ќе гласи референдумското прашање (ФОТО)

Парламентарното мнозинство се уште чека на последниот збор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако верзија од текстот на Одлуката за распишување на референдумот веќе е изготвена и поделена на партиитe, јавува Алсат М.

Во одлуката е содржан датумот – 30 септември – за одржување на референдумот како и референдумското прашање, истото што веќе го објави премиерот Заев: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Иницијативата за распишување референдум веќе била потпишана од пратениците на СДСМ, ДУИ и БЕСА, се чека како ќе постапат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Алсат

поврзани објави

Последни објави