Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по координациите рече дека не го прифаќа референдумското прашање онака како што е формулирано, но сепак пратениците ќе присуствуваат на собраниската седница, на која ќе се гласа за одлуката за распишување на референдумот.
Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, рече дека одлуката дали како партија би го бојкотирале референдумот ќе одлучеле партиските органи.