Екс потпретседателот на СДСМ, во времето на последниот мандат на Бранко Црвенковски како лидер, Гордан Георгиев не разбира зошто би се одржувал таканаречен консултативен референдум, особено доколку ВМРО-ДПМНЕ не учествува на него, преку отворен или прикриен бојкот, пишува „Експрес“.
Кој би го одредил цензусот за нашата консултација, зошто воопшто да гласаме? 100 илјади гласови ЗА и ниеден глас ПРОТИВ ќе бидат ли доволно добра консултација? А 200 илјади? 500? Колку?” – прашува Георгиев, кој од поодамна не може да се забележи во првите редови на СДСМ.
Георгиев прашува каков легитимитет бараме преку консултативен референдум?
Бидејќи јасно е дека „консултацијата“ не создава легалитет. Тогаш поцелисходно е да се оди на предвремени парламентарни избори и да се бара 2/3 мнозинство за уставни промени. Бидејќи ако основното (затскриено) барање на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија, тогаш зошто би гласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени после консултативен референдум? Да не биде на крајот и консултативен референдум во вода, и предвремени избори на површина. Македонијо партал си!” – порачува еден од најталентираните македонски поллитичари кој сега се занимава со наука.
Извор: Република