Ракометната репрезентација на Словенија го оствари најголемиот успех на Светските првенства, откако успеа да го освои бронзениот медал, во битката против Хрватска, победувајќи со 31:30.
Чуден и несвојствен натпревар за трето место одиграа двете селекции, каде одличен почеток имаше Хрватска, која создаде позитива, па на одмор веќе имаше позитива од пет погодоци, 13:18.
Во вториот дел продолжи убедливата игра на „коцкестите“ кои имаа и „плус осум“ со 24:16, во 40 минута од средбата. Од тогаш влегоа во серија, не се предадоа и за прв пат поведоа во последната минута со 31:30. Последниот напад не успеа да го реализира Дувнјак, кој беше изблокиран од словенечката одбрана.
Кај Словенија најефикасни со по 4 погодоци беа Безјак и Маргуч со 4 погодоци, Благотиншек имаше 3. Кај Хрватска најефикасни беа Циндриќ и Штрлек со по 6 погодоци.