Фејсбук статус на Алекс Ружин:
“Читам едни кои се задоволни и кои се фалат секојдневно на соц. мрежи околу личните успеси, кои ги постигнале преку функциите што ги добиле од новата власт. Многумина од нив ми се добри пријатели и во приватниот живот и мило ми е што се среќни. Но другари, не заборавајте како се чувствуваат и оние од другата страна, кои се незадоволни и разочарани затоа што им било ветувано, а сеуште ништо не добиле!
Седат дома и се нервираат. Деновите им се долги, за одмор сигурно немаат. Масовно размислуваат околу бугарски пасоши. Им се потсмеваат вмровци, па во помалите места и на улица не излегуваат. Е, мене и тие ми се пријатели, пијам кафе и со нив и ги слушам нивните маки.
Меѓу нив, искрен да бидам, има многу поголеми борци и од некои од вас – наградените! Луѓе кои во буквална смисла 11 години рушеа режим. И не само со пенкало и на Фејсбук, туку и на улица. И без пари. И без било каков надомест.
Од чиста идеологија. Од пуста желба за демократска држава. Сите заедно предводени од вас политичарите, го симнавме Грујо. Ни вие не можевте без нас, ни ние без вас. Долгот треба да се подмири другари. Крајно време е. Во спротивно, колку повеќе едните се фалат, толку другите се пофрустрирани и повредени. И ги губите. Полека, но сигурно, ќе го дочекате нивното “Auf Wiedersehen”….”
Извор на фото: Фејсбук