4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Баталете ги овие беди: Ванковска со навреда до сите медиуми кои го пренеле ставот на Сашка Цветко

Во врска со обраќањето на новинарката Сашка Цветковска, односно нејзината анализа и став на колумната на Венко Андоновски, на својот фејсбук профил “ничим изазвана” се јави и професорката Биљана Ванковска:

“Не разбирам како може важна ВЕСТ да биде мислењето на Сашка Цветковска за колумната на Венко (која и натаму урива рекорди, прочитана беше околу 16.000 пати кога последен пат видов)? Женава или го мрази Венко – или не ѝ се фаќа „мотика“ в рака? А оние пак што ја пренеле, ептен се со високи новинарски стандарди! Впрочем, како и Либертас кој објавува колумна на Фрчко кој пишува за КОЛЕЊЕ на политичкиот непријател!

Но, баталете ги овие беди, бидејќи Манифестот на Венко треба да го запомниме како нов Илинденски манифест, како порака да не веруваме во златни телиња и дека некој ќе не’ брани и рани, туку во мотиката/работата!”

Ванковска не разбира како може да биде ВЕСТ, мислењето на некој друг, во случајов новинарката Сашка Цветковска. Па исто како што се и вашите ставови вест, почитувана професорке. А знаеме дека многумина не се согласуваат и со вашите ставови, па и биваат блокирани на вашиот профил…

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10216375860092039

поврзани објави

Последни објави