4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Да не ги заборавиме: Хунзите (Бурушите) тврдат дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски

Хунзите (Бурушите) тврдат дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето и лавот. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик.

Хунза е поранешно кнежество кое се граничело со Кина на североисток и Памир на северозапад. Истото продолжува да суштествува до 1974, кога конечно е распуштено (поништено) од Зулфикар Али Буто. Кнежеството се граничи со претставништвото Гилгит на југ, поранешно кнежество Нагар-исток. Престолнина на кнежеството е Балтит (позната и како Каримабад). Хунза било независно кнежество повеќе од 900 години. Британците воспоставиле сопствено владение над Хунза и околните долини на Нагар помеѓу 1889 и 1892, проследено со воена интервенција на сурова сила.

Тогашниот кнез Мир Сафдар Али Кан од Хунза пребегал во Кашгар во Кина и барал политички азил. Иако никогаш непосредно непокорено од соседниот Кашмир, кнежеството Хунза било потчинето на Кашмир, во времето на Махараџа Ранбир Синг од Јаму и Кашмир. Миревите на Хунза плаќале годишeн данок на Кашмир Дурбар до 1947, и заедно со владетелот на Нагар, се сметале за најпреданите подвласници на Махараџата од Кашмир.

Хунза е ситуирана на надморска восочина од 2.438 метри. Низ многу векови, Хунза го овозможувала најбрзиот пристап до Сват и Гандара за некој што патува пешки. Рутата била непроодна за натоварени животни; само human porters можеле да поминат, и тоа само со дозвола на локалното население. Хунза била лесно бранета бидејки проодите биле често помалце од поламетар (околу 18″) широки. Хунза е едно од најегзотичните места во Пакистан.

Неколку high peaks се издигнуваат над 6.000 м во околината на долината на Хунзите. Долината овозможува спектакуларни погледи на некои од најубавите и највеличествени планини од светот во кои спаѓаат Ракапоши (7.788 м), Ултар Сар (7.388 м), Боџахагур Дуанасир II (7.329 м) Гента 7.090 м, Хунза 6.270 м, Дармјани (6.090 м), и Бублиматинг (6.000 м). Во долината на Хунзите се наогаат и древната Балтитска и Алтитска тврдина. Балтитската е на врвот на Каримабад, додека Тврдина Алтит лежи на подножјето на долината. Колку што е долината позната по нејзината убавина, Хунзите се познати како пријателски и гостопримливи. Локалниот јазик е бурушаски, а Ваки и Шина се исто така говорени, но повеќето луѓе разбираат Урду и Англиски. Степенот на писменост во долината Хунза се верува дека е мовеќе од 90%, така што секое дете од новите генерации изучува најмалки средно школо. Многу од нив се одлучуваат за високо образование на престижни колеџи и универзитети во Пакистан и надвор. Повеќето Хунзи се муслимани (Исмаили Шиа), следбеници на Неговото Величество кнезот Карим Ага Кан IV. Регионот Хунза е дом на луге од три етнитети:

Долната област на Хунза – (од Мајун до Насирабад) е воглавно населен од Шинаки, луѓе кои говорат Шина;

Централната област на Хунза – (од Муртазабад до Ахмед Абад)) е воглавно населен од луѓе кои говорат Бурушаски.

Горната област на Хунза, позната како Гоца – (од Шискат до Хунџераб) е воглавно од луѓе кои говотат Ваки;

Бурушаскиот го зборуваат низ цела Хунза. Јазикот е изолат.

Хунзите колективно се нарекуваат Хунзукути, додека Бурушо се однесува само на лугето што говорат Бурушаски. Мнозинството се (Исмаили Шиа) муслимани кои се следбеници на Ага Кан.

поврзани објави

Последни објави