14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бујар Османи: Не донесовме одлука за формирање на влада

Вечерва Македонија нема да добие Влада. Истече рокот, а без ДУИ потребното мнозинство за формирање на влада неможе да се состави.

„Имаше целосна конструктивна дебата, му дадовме поддршка на Ахмети да донесе сам одлука, но тој остави сите да го кажат својот став, своите аргументи и да се донесе одлука на претседателството. Не можевме да се одлучиме за ниту една од опциите.

Во целиот овој период, на сите консултации ја имавме предвид стабилноста на државата, со цел продолжување на патот кон Евроатланските интеграции, а поради деликатноста на ситуацијата, ни требаат дополнителни аргументи за да може да се одлучиме за една од опциите. Од утрешниот ден повторно продолжуваме да разговараме со партиите од македонскиот блок, исто како што го правевме тоа досега“, рече Османи.

Ова значи дека мандатарот Никола Груевски кој имаше рок до недела на полноќ да поднесе предлог за состав на влада, ќе мора да го врати мандатот кај претседателот Ѓорге Иванов, а тој да го даде на тој што има мнозинство во Собранието.

Во текот на ноќта се очекува реакција и од седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ каде во тек е состанокот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави