3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Зошто толку ја мразат – Меган Маркл доби сурова роденденска честитка од својата сестра

Иако со години не контактирале, полусестрата на Меган Маркл не престанува јавно да ја прозива новопечената војвотка од Сасекс.

Огорчената Саманта Грант повторно „отвори оган“ на новата членка на кралското семејство и тоа на нејзиниот 37. роденден. Бесната Саманта наместо да испрати честитка со убави желби, таа повторно ја напаѓа Меган.

Таа сега тврди дека Меган не му испратила честитка на својот татко за неговиот роденден кој бил на 18-ти јули. Оваа нејзина порака ја пренесоа дел од медиумите, кои анализираат дека според Саманта, Меган е лоша сестра и уште полоша ќерка.

Во јавноста кружи приказната дека Меган и татко и Томас не зборуваат уште од нејзината венчавка во мај, по која тој во едно телевизиско интервју ги откри телефонските разговори што ги имале спроти венчавката.

поврзани објави

Последни објави