2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Отец Горан Стојчевски: На Илинден, наместо да се собереа околу Путирот, држеа политички проповеди

По свадба, тапани не оди, но сепак впечатоците ги анализираш. Видовме секуларно прославување на религиозен празник каде мнозинството се собра околу камен ли, музеј ли, споменик ли во чест на денот на востанието, но не и во чест на светиот пророк, и не во храмот, и не околу Путирот.

Имаше политички “проповеди” кои внесоа смут и раздор и немир со кои се јадеме меѓусебе, наспроти едно срце и единство меѓусебно кога се храниме со Христа, преку Причеста и мирот Негов што треба да го даваме кога ќе излеземе од Црквата – каде се собираме околу епископот за да принесеме благодарење и да направиме помен. Со секуларното собирање како христијани го пркршивме првиот дел од Декалогот, а со слушањето на говорите и постапките од нив вториот дел. И така ние ни Стариот Завет не го испочитувавме, а до Новиот не сме се ни допреле, т.е. љуби го Бога и ближниот (пријател, непријател).

П.С. Њујорк живееше во банди пред 200 и кусур години слушајќи ги водачите да им кажат кого и кога да се испотепаат. Што мислите нели сме од оние кои Христа побараа да биде распнат и измолија Бараба-та да биде ослободен? Правете разлика меѓу религија и вера, првото слугува на земното, второто на небесното.

Мир на сите!

поврзани објави

Последни објави