-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Италијанско гратче одлучи куќите да ги продава по едно евро – од плажата е оддалечено само околу 20 километри

Локалните власти на италијанското гратче Сан Пјеро Пати донесоа одлука напуштените куќи да ги продаваат по цена од само едно евро со цел да заживее ова место сместено во ридестите предели на Сицилија.

Поради миграцијата и стареењето на населението ова гратче остана без поголем дел од популацијата, па затоа според локалните власти се потребни итни мерки за да се спречи негово целосно исчезнување.

Новите жители, куќите ќе мора да ги обноват на автентичен начин, користејќи традиционални материјали како камен и дрво. Локацијата на гратчето е атрактивна бидејќи е оддалечено само 15-тина минути возење од најблиската плажа, а во близина се наоѓа и националниот парк Неброди, со заштитена зона со планински езера и шуми.

Локалните власти идејата ја добиле од еден друг сицилијански град Ганги, кој привлече интерес на луѓе од цел свет откако во 2014 година исто така понуди куќи за едно евро.

– Идејата ја добивме од Ганги, каде овој проект беше многу успешен и многу куќи беа продадени, истакна градоначалникот Салваторе Фјоре. Администрацијата на Сан Пјеро Пати во моментов извршува проценка колку куќи ќе понуди за продажба, а се очекува првите да бидат продадени следната година. Се наведува дека странските државјани се добројдени на конкурсот. Во изминатите 16 години југот на Италија го напуштија 1,8 милиони луѓе, од кои половината на возраст од меѓу 15 и 34 години.

поврзани објави

Последни објави