11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Перо Камиказа: Каде бевте сите на концертот на Морал да му дадете поддршка на Влатко додека беше жив

Басистот на легендарната група Меморја, Петар Георгиевски – Камиказа, на својот „Фејсбук“ профил напиша емотивна порака за смртта на пејачот Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во својот автомобил пред еден месец.

Патем, тој упати критики и кон пошироката музичка маса, која според него, не му дала доволна поддршка на Морал и Влатко Илиевски.

„Колега, глумец и музикант Влатче, почивај во мир.

„Каде бевте сите на концертот на Морал да му дадете поддршка на Влатко и бендот. Прочитав илјадници постови со жалење, а видов 100-тина луѓе на оваа прекрасна свирка. Да ги почитуваме вредностите додека се живи, и да им дадеме поддршка, а не откога ќе биде касно. И да, од што отишол и зошто отишол од овој свет е само работа на Влатче. Се***и непрокопсани. Почивај во мир колега и извини можеби малку доцна се простувам од тебе од „икс“ причини, но да знаеш. Уживав на твојот последен концерт. Нека ти е вечна слава колега“, напиша Камиказа на својот профил.

поврзани објави

Последни објави