2.8 C
Skopje
Saturday, January 11, 2025

Совети од една баба до нејзината внука: Не се плаши од паѓање, солзи и љубов, тие се дел од животот

Сега имам 50 години и малку повеќе животно искуство за да можам да го споделам со тебе, но и да ти обрнам повеќе внимание отколку што можев да и обрнам на твојата мајка. Ова се моите совети за тебе.

Не плаши се од паѓање

Вози велосипед, ролери, лизгалки и не се плаши од падот. Понекогаш ќе боли, но така ќе научиш да бидеш внимателна,но и побрза.

Не се плаши да го кажеш своето мислење

Ќе живееш во свет во кој постојано ќе се трудат да те замолчат или да ти го сменат мислењето. Не се плаши и не се срами никогаш од тоа што го мислиш.

Извинувај се

Ако згрешиш некому, извини се искрено. Само силните жени знаат да се освестат за своите грешки и вистински да се извинат. Не се срами од тоа, човечки е да се греши, но човечки е и да се извини човек кога ќе ја сфати својата грешка.

Не се плаши од заљубеноста

Ќе ти го скршат срцето, еднаш, два пати, три пати… Така ќе растеш и созреваш. Не се плаши да бидеш заљубена, тоа е едно од најубавите чувства на светот.

Не плаши се од тоа да се омажиш, или да не се омажиш

Направи го тоа што сметаш дека е вистинско во срцето. Пред се, барај ја среќата во својот живот и остани и биди онаму кадешто си среќна – сама или со друга личност.

поврзани објави

Последни објави