0.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Рамковни работници

Колку време и треба на Владата да преброи колку од административците вработени по Рамковниот договор одат на работа, а колку седат дома и си земаат плата?

Што се случи со втората фаза за прераспределба на административците?

Се најавуваше дека ќе стартува деновиве, но ништо и од тоа. Зошто не е објавена листата кој службеник во која институција ќе биде прераспределен? Зошто ја нема трансфер листата?

Кога вицепремиерот Хазби Лика ќе излезе во јавноста и ќе ги соопшти бројките? Господине Лика кого штитите и зошто?
Ќе ве потсетиме повторно на Законот – три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ. Укажуваме и на правилата во европските држави – за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност.

Привилегирани не смее да има, сите мора да бидат исти пред законот!

Автор: Димо Петкоски, генерален секретар на ГДУ

поврзани објави

Последни објави