4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Миленко: Лузерите од типот на Филип Петровски и Јанко Бачев само и помагаат на власта

Кога пред 10-и-пол години го организирав митингот за името на плоштадот Пела заедно со Борис Дамовски, генерал Горан Стојков и професор Аристотел Тентов (во ниту еден момент дел од тој тим не бил Богдан Илиевски, подоцна наречен Бетмен), на подготвителните состаноци за истиот на една работа инсистирав а сите ја прифатија. Имено, не сакав да учествувам на митинг каде политичкиот и организациониот кредит ќе го преземе било кој поединец, партија или здружение. Вклучително и јас самиот. Десетици поединци на денот на митингот бараа “да се обрателе на народот“ (Тодор Петров, Страшо Ангеловски и сл.), а примив стотици пораки јас да сум му се “обрател на народот“. Спротивно од сите нив сметав дека митинго е НА НАРОДОТ, и дека нема што кој да му паламуди на микрофон. Народот точно знае што е и како е. Знае како да ги казни на избори Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучкоски, Никола Груевски, а на следните и Зоран Заев. Затоа инсистирав, а тоа и се оствари, НИКОЈ да не говори. Оти тоа беше митинг од народ за народ, инициран од една полноќна емисија каде кај мене гостуваше Мирка Велиновска.

И, немаше говорник. Само актерот Тони Михајловски се обрати пред народот со текст подготвен од Алек Русјаков. Сето друго беше соодветни песни, патриотски и навивачки.

Долго години потоа постојано сум се залагал за истиот принцип. сто пати сум напишал дека на било каков народен собир му наштетуваат “обраќањата“ на разни јанкобачевци, филиппетровци и тодорпетровци. Сум сметал и сметам дека се тоа луѓе неспособни да соберат и поведат поголема група народ со себе, значи се без потребната харизма, па затоа се шлепаат на разни собири каде луѓето не дошеле поради нив, ами поради настанот и провокацијата. Едноставно тоа се луѓе од калиброт на Борис Стојменов, Павле Трајанов или Владимир Голубовски)- непотребни привезоци, односно крлежи. Не носат ниту еден глас или бенефит, а прават максимална штета.

Тоа нешто се случува со #БОЈКОТИРАМ. Вечните политички лузери и нивните лузерски партии сакаат да го преземат приматот од народот. Наместо НАРОДОТ, тие би сакале да се водачи за да дојде до пропаст на реферндумот.

Пред да дадам финален збор во оваа колумна, 2-3 работи.

Имено, може ли некој да се сети на иницијатива која победила, кога таа инцијатива ја водел Тодор Петров? Еве на пример, беше ли успешен референдумот за територијална? Или, која негова преставка и иницијатива пред Уставен суд била прифатена, па потоа по сила на законот имплементирана од Собранието. Одговорот е НИТУ ЕДНА, НИТУ ЕДНАШ.

Целата колумна прочитајте ја на Дудинка

поврзани објави

Последни објави