4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Девојка ми има фетиш, и тоа гаден, срам ми е ама ќе ви раскажам

Девојка ми има footfetish, имено, секојпат додека водиме љубов, во текот на предиграта таа ми ги лиже стапалата.

Заедно сме речиси една година и на почетокот сè беше супер. Водевме љубов лудо и возбудливо и уште веднаш ми стави до знаење дека таа сака да води и да биде главна во креветот. Бев љубопитен до каде ќе води сето тоа, а најмногу се плашев од врзување зошто не сум многу по тие работи. Доволно ми беше и тоа што се покажа како малку агресивна.

Кога првпат се спушти скроз до долу и ги зеде стапалата да ги милува и да ги лиже, ми беше многу чудно. Постојано ми велеше дека имам многу убави и секси стапала.

Сега секојпат пред да бидеме интимни, јас се туширам и добро и темелно ги мијам стапалата зошто знам што следи потоа.

Секако дека тоа ми е многу глупо и чудно, ама и дозволувам да ми го прави тоа зошто многу ја сакам, а и плус нон стоп ми вели дека имам секси и прави машки нозе.

Проблемот е што сега веќе воопшто не се стега, до толку е слободна што некогаш тоа почнува да го прави навечер додека спијам и така ме буди. Нормално после тоа предиграта продолжува до доцна во ноќта, а некогаш нè разденува, па таков одам на работа. Нејзе и е гајле, таа не работи, преселена е во мојот стан и си спие додека да се вратам.

Ова на никој досега не сум го кажал, многу ми е глупо, на кој да му кажам ќе ми се смее. Знам дека секој човек има некој фетиш, ама кај баш овој мене ме снајде!

поврзани објави

Последни објави