Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по речиси една недела одговори на прозивките во својата земја во врска со изјавата на Зоран Заев дадена на 4-ти месецов дека Илинденското востание е македонско.
Борисов порачува дека треба два пати да мисли пред да рече нешто.
-Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен, рече Борисов.