4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Дерковски: Бројката од 1, 8 милиони гласачи е реална

Притисоци секогаш се можни. Овој состав на ДИК ќе покаже дека во Македонија може и поинаку да се функционира. Ако си ја сфатиме задачата, ќе ги надминеме притисоците, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Да, јас неколку пати во неколку прилики тврдам дека бројката е реална и дека целата забуна во изминатите години стана веројатно од некои други политички причини. Меѓутоа наша работа на ДИК е да не ја мешаме политиката, затоа што оваа работа водењето на Избирачкиот список е статистичка операција. Вклучени се Завод за статистика и Министерството за внатрешни работи, така што од нивните евиденции практично се црпи составот на Избирачкиот список. И на граѓаните да им биде појасно, право да биде на Избирачкиот список има секој граѓанин којшто наполнил 18 години и којшто има важечка лична карта или патна исправа на Република Македонија, а не секој што живее во земјава. Жителите на Република Македонија се утврдуваат по пат на друга операција, попис, а додека правото да бидеш на Избирачки список го стекнуваш исполнувајќи ги овие услови и со тоа јасно се става динстикција меѓу двете работи. Тоа е всушност разликата.

Дерковски кој на функцијата е по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не одговара директно на прашањето дали партијата ќе ги повика своите поддржувачи да излезат на гласање или да го бојкотираат референдумот, истакнувајќи дека своите политички убедувања ги остава дома.

 

-Вашето прашање сега ќе ми ги урне сите претходни констатации кои ги наведов за работата на Државната изборна комисија и затоа и нема да навлегува во одговор, затоа што тука сум член на ДИК и политичките ставови и моите убедувања ги оставам дома. Кога ќе дојдам на работа заборавам на тоа и функционираме како државен орган, кој има задача, пред се, да ја изведе операцијата референдум согласно законот.

 

поврзани објави

Последни објави