4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Тажната приказна на Дејан: Во новчаникот носам исти 500 денари осум години, тие ме направија човек

Оваа приказна на Дејан Јевтиќ од Ниш, Србија, навистина е поучна и се случува за жал на повеќето млади денес. Иако родителите секогаш пружаат колку можат, некогаш децата не знаат да ценат, но оваа приказна ќе ве замисли.

– Во паричникот носам исти 500 динари веќе 8 години, ми ги даде мајка ми и ми рече: Еве ова е последното што го имам. Јас и барав 1.500, но таа имаше само толку и ми го даде и последното.

Јас како тинејџер збеснав, секогаш барав повеќе, трошев по кафиња, излегувања, друштво…Всушност и не бев толку мал имав 21. година.

Студирав и само барав пари, иако ми го даваа и последниот динар јас бев незадоволен. Кога ми ги даде овие 500 динари тргнав да се карам, а таа ми ја отвори банкарската сметка и видов дека нема ни денар. Се свестив за миг. Се променив, најдов работа, заработувам, сакам да им помогнам и олеснам, вели во својата исповед Србинот.

Тој веќе има други приоритети освен излегувањето и кафињата и вели дека никогаш не ги допрел тие 500 динари кои му се поука во животот.

поврзани објави

Последни објави