Свадбената прослава во денешното австриско лето којашто ги собра сите ѕвезди од политичкото небо на земјата беше уште по заспувачка поради присуството на еден странски гостин – рускиот претседател Владимир Путин – кој донесе букет жолто цвеќе, козачки ансамбл и куп контроверзи.
Кога министерката за надворешни работи на Австрија Карин Книсел се венча во лозјето на ридот на јужна Австрија, рускиот претседател Владимир Путин не пропушти да го сподели со неа својот благослов.
Како што пренесува Вашингтoн пост, тој останал на церемонијата малку повеќе од час и кратко танцувал со невестата; тој облечен во темносин костум, а таа во креместо бел дириндл, традиционален фустан во тој австриски регион. Негов подарок за младоженците бил танцова изведба од козачки танцувачки ансамбл, кој долетал во Австрија специјално за пригодата.
Министерката за надворешни работи на Австрија изјави дека нејзината свадбена церемонија била од приватен карактер, со само сто гости. Но присуството на Путин меѓу гостите, сакајќи или не сакајќи, направи настанот да добие многу јавно значење за Европа, свртувајќи го вниманието и кон Австрија. Имено, уште со самата покана, а сега и со присуството на Путин на свадбата, австриската министерка предивика голема бура во политичката јавност во земјата, поради самиот факт што Русија е под санкции на ЕУ, а Австрија претседава со Унијата.