3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Измените во законот за игри на среќа ќе затвори третина од обложувалниците

Бизнисот за обложувалниците станува невозможен. Асоцијацијата реагира на измените од Законот за игри на среќа, тврдат дека новите одредби ќе ги натераат да стават клуч на најмалку третина од објектите, а околу 1000 вработени ќе останат без работа.

На текстот со измените во законот кој беше објавен во декември, Асоцијацијата испрати куп забелешки. Во верзијата од текстот објавена минатата недела, само незначителен дел од барањата на обложувалниците е вметната. Обложувалниците ќе треба да бидат оддалечени најмлаку 100 метри од училиштата, а не 300 како претходно. Прифатено е и лиценцата наместо три да важи шест години. Другите забелешки кои се финансиски силен товар за бизнисот, не се прифатени.

Па така, наместо 300.000 евра сега обложувалниците за лиценца за секои 50 уплатни места ќе треба да имаат половина милион евра банкарска гаранцијам што значи дека големите обложувалници кои имаат стотина уплатни места ќе треба да чуваат над милион евра како гарација. Им се зголемува и месечниот паушал кој го плаќаат кон државата. Освен 23% од бруто приходот кој го плаќаат сега и кој беше меѓу највоските во Европа, им се воведуваат дополнителни 1600 евра т.н минимален праг за секое уплатно место.

Потврда за оддалеченоста на просторијата до најблискиот објект каде се одржуваат игри на среќа издава општината на чија територија се наоѓа деловната просторија, во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Со законските измени се врши промена на висината на средствата кои се издвојуваат од буџетот за финансирање на спортот, а кои се собираат како резултат на уплатите на приредуваите на игрите на среќа. Се регулира и должноста на Владата да го информира Собранието за висината на собраните средства по основ на уплати од приредувачи на игри на среќа и на кој начин тие средства се користат.

Овие измени се поставени како точка на собраниската седница на 29 август, следната недела во прво читање. Подносители се пратениците од ДУИ, Ејуп Алими и Реџаил Исмаили.

поврзани објави

Последни објави