Кумановката Арбенита Исмаили ги освојува модните агенти во Америка. Таа станува се попопуларна во манекенскиот свет, а во моментов е ангажирана во Мајами, Флорида.
Арбенита како и многмина млади од Македонија реши среќата да ја бара надвор од родната земја, но на неа очигледно добро и оди. Во последниов период за неа се интересираат и модните магазини, па нема да бид еизненадување доколку се појави на насловните страници на некои од најпрестижните американски списанија.
Исмаили своето детство го поминала во родното Куманово, а средно училиште завршила во Скопје. Во текот на нејзиното живеење во Македонија, дел од летните периоди ги поминувала и во Драч Албанија, кадешто живеат голем дел од нејзините роднини.
Уживајте во нејзините фотосесии: