Денеска на социјалните мрежи повторно се шири видео од актерот Владо Јовановски кој е обвинет за тероризам за нападите од 27 април во Собранието на Република Македонија.
– Овие луѓе што сите овде се собрани, имаат воловско срце, јуначко срце затоа што татковината не се брани. Со продажба на државните интереси, ние мораме да ја браниме Македонија со срце и љубов. Можеби ќе има и провокатори, ве молам да останете прибрани и смирени. Да не дозволиме да не прогласат за шовинисти. Можеби ќе се обидат да го убијат телото наше, но не можат да ја убијат нашата душа, нашата љубов кон Македонија, вели Јовановски во тогашните протести на За Заедничка Македонија пред Владата на Република Македонија.
Јовановски е сугестивен автор и водич низ татковината во ТВ серијата „Истражи ја Македонија“, еден од ретките македонски актери кои се афирмира и во филмски продукции надвор од Македонија, меѓутоа и еден од ретките актери кои влезе како еден од првите луѓе на протестите За Заедничка Македонија.