-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Поддршка за обвинетите од 27-ми април: „Слобода за нашите браќа патриоти“ бараат насобраните пред Судот (ФОТО)

Со пароли „Судење на уметници и парламентарци како терористи е срам на векот“, група граѓани се собраа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април. Тие со зурли и тапани ги чекаат обвинетите, информира порталот Курир.мк

 

ФОТО

Судот е под силно полициско обезбедување. Пред малку стигна поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков со својот адвокат. Со него во судот влезе и оперскиот пејач Игор Дурловски. Со скандирања беше пречекан актерот Владо Јовановски.

ФОТО

За упадот во Собранието обвинети се вкупно 32 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници и организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“.

Меѓу поддржувачите е и Сотир Костов и Иванка Василевска, поддржувачи на Иницијативата. Насобраните извикуваат дека тие се етнички Македонци а за знамето на Вергина велат дека е македонското знаме.

ИЗВОР+ФОТО: Курир

поврзани објави

Последни објави