Денеска и утре (четврток) во државава атмосферата ќе биде значително постабилна односно времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во попладневните часови а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец, објави метеорологот Славчо Попоски.
Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи на планините но и во оние населени места кој се во близина на планините.
Во петок и во сабота во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.
Според моменталните анализи промена на времето и поголема нестабилност ќе имаме за време на викендот и тоа под влијание на нов циклон.
Веќе од утре (четврток) над Италија ќе започне пробудувањето на циклонот Бруно и со својата долина ќе го зафаќа Балканскиот Полуостров па така и времето драстично ќе се менува па така и врнежите и грмежите ќе зачестуваат, вели метеорологот Славчо Попоски.
Особено интензивни врнежи во земјите од регионот ќе има во петок и во сабота кога ќе има услови за локално и изразено невреме проследено со интензивни поројни дождови, силен ветер, силни електрични празнења, силен ветер и град кој може да условот и локални проблеми.
Во исто време од север ќе се спушта значително постуден воздухо па така и температурите драстично ќе опаѓаат и токму ова ќе услови северен и североисточен ветер а на европските како и италјанските алпи се очекува да падне и првиот снег за оваа сезона.
Провејување на снег можно е и на највисоките планински места на Балканот.
Во Македонија влијанието на Бруно ќе го почувствуваме веќе во петок и во сабота додека особено во недела и тоа доцна попладне и навечер кон понеделник како и во понеделник истиот ќе виде значително поизразен барем според моменталните анализи кога во најголем дел од државава ќе имаме врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен ветер а можна е и појава на локално невреме.
Значителен пад на тмпературите на воздухот и северен ветер кај нас ќе имаме на самиот почеток од следната недела.